Иван Љубичиќ отворено за Ѓоковиќ: Ноле има психички проблем, може да влезе во неволја

Ѓоковиќ е навикнат да се бори за секој поен и за секој сантиметар. Ако не ја почувствува таа желба, може да влезе во неволја, изјави Љубичиќ

од Бети Божиноска
439 прегледи

Новак Ѓоковиќ не ја започна 2024 година како што се надеваше, настапи на само два турнира и не ги постигна резултатите на кои се надеваше. Откако испадна во полуфиналето на „Аустралиан опен“, претрпе тежок пораз во 3. коло на Мастерсот во Индијан Велс, а моментално се подготвува за настап во Монте Карло.

Овие послаби резултати доведоа до прашања за подлабока криза – дали ова е почеток на крајот на доминацијата на најдобриот светски тенисер, а за тоа прокоментира и Иван Љубичиќ.

Поранешниот хрватски тенисер, поранешен тенисер број три во светот и поранешен тренер на Роџер Федерер смета дека единствениот проблем на Новак во моментов е од ментална природа.

„Мислам дека во моментов Јаник Синер и Карлос Алкараз се пред сите и ќе бидат во следните неколку години. Тие ќе бидат играчите што треба да се победат. Тоа е психички проблем, тој сигурно не заборавил да игра тенис.  Ноле несомнено мора да има оган во себе инаку нешто му недостига. Ѓоковиќ е навикнат да се бори за секој поен и за секој сантиметар. Ако не ја почувствува таа желба, може да влезе во неволја“, изјави Љубичиќ во интервју за „Газета дело спорт“.

Сепак, поранешниот хрватски тенисер на крајот имаше оптимистичка порака.

„Убеден сум дека може да се опорави пред претстојните, реални цели за него – Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри во Париз“, изјави славниот Хрват.

 

Слични содржини