Иванишевиќ веќе не му е тренер на Новак Ѓоковиќ!

Иванишевиќ стана дел од тимот на Ѓоковиќ во првата недела на Вимблдон во 2019 година, а оттогаш Србинот и Хрватот заедно постигнаа голем успех.

од Бети Божиноска
186 прегледи

Неочекувана вест – по речиси пет години соработка, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и поранешниот хрватски тренисер и негов тренер Горан Иванишевиќ повеќе нема да соработуваат, потврди најдобриот тенисер на светот во пост на социјалните мрежи.

Нивната соработка завршила по Мастерсот во Индијан Велс, но повеќе детали за причините за разделбата засега не се познати.

Иванишевиќ стана дел од тимот на Ѓоковиќ во првата недела на Вимблдон во 2019 година, а оттогаш Србинот и Хрватот заедно постигнаа голем успех.

Со популарниот „Зец“ во боксот, Ѓоковиќ освои двоцифрен број Грен слем трофеи, барем по еден на секој од четирите најголеми турнири, но помина и низ неколку болни моменти – како дисквалификацијата од „Ју-ес Опен“ во 2020 година и депортација од Австралија во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

„Јасно се сеќавам на моментот кога го поканив Горан во мојот тим. Тоа беше во 2018 година, а јас и Маријан (Вајда) сакавме да внесеме нова сервис-магија во нашиот тандем. Не само што донесовме сервирање, туку и многу смеа, забави и „број еден“ на крајот на годините, соборувајќи бројни рекорди и уште 12 Грен слем трофеи (и неколку финалиња) оттогаш. Дали ја спомнав и драмата?“

Со Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Имавме подеми и падови, но нашето пријателство беше секогаш силно. Шефе, ти благодарам за сè, пријателе. Те сакам“, напиша Ѓоковиќ на својот профил на Инстаграм .

Останува да се види кој ќе биде новиот тренер на Ѓоковиќ. Иванишевиќ претходно во текот на својата тренерска кариера работеше со Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милош Раониќ.

Следен турнир на кој ќе настапи Ѓоковиќ е Мастерсот во Монте Карло кој почнува на 7 април.

Слични содржини