Иванка Трамп и Џаред Кушнер ги испишаа своите деца од приватно училиште во Вашингтон, пренесува Си-Ен-Ен.
Ова следеше откако властите во оваа образовна институција изразија загриженост за нивното непочитување на мерките против Ковид-19.
Властите во приватното училиште во Вашингтон, каде што одеа три деца на Иванка Трамп и Џаред Кушнер во последните три години, изразија загриженост за јавното кршење на мерките против Ковид-19, што може да се забележи кај парот.
Тоа на крајот доведе до тоа ќерката на Доналд Трамп и нејзиниот сопруг да ги испишат своите деца од ова училиште, изјави извор запознат со ситуацијата за Си-Ен-Ен.
Изворот наведува дека Трамп и Кушнер повеќепати ги прекршиле упатствата утврдени во прирачникот за родители за мерките против Ковид-19.
Поради приговори и барања за промена на однесувањето со цел да се заштитат од Ковид-19, парот одлучи да ги испише децата од училиште.
Сепак, два извори наведуваат дека училиштето одлучило да се спротивстави на нивното непочитување на заштитните мерки и дека тоа го сториле независно од поплаките на родителите.
Портпарол на училиштето одби да ги коментира наводите за Си-Ен-Ен.
Во моментов, часовите се одржуваат во живо во училиштето за ограничен број ученици, а превентивните мерки засновани на упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести се однесуваат на вработените, децата, нивните родители и членовите на семејството.