Иванка Трамп гради луксузно одморалиште во Албанија, со него ќе управува руски бизнисмен

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Иванка Трамп, ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер градат луксузен комплекс во Албанија, со кој ќе управува Aman Resorts, во сопственост на рускиот бизнисмен Владислав Доронин.

Иванка Трамп неодамна ја потврди веста за изградба на луксузно одморалиште, пишува Seebiz.

– Моментално работам со мојот сопруг. Ги привлекуваме најдобрите архитекти и најдобрите брендови на остров од 1.400 хектари во Медитеранот – рече Трамп.

Таа додаде дека храната ќе ја обезбедува реномираниот ресторан „Карбоне“ со кој раководи „Мејџор Фуд Груп“. Како што изјави и таа, комплексот ќе биде многу модерен и ќе се води сметка за теренот и вегетацијата.

– Тоа нема да биде само убава стаклена кутија. Секако дека сакаме стакло и кога ќе погледнете од одморалиштето можете да го видите прекрасното сино море. Но, се прашуваме како да го направиме тоа на начин кој не е премногу генерички, за да не ја изгубиме можноста да создадеме нешто ново, објасни таа.

Слични содржини