185
Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, го отфрли францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.
Тој вели дека останува „противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија и повикува на негово отфрлање“.
-Со вакво „решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!, напиша Иванов на својот Фејсбук профил.