Претседателот Иванов денеска донел одлука за поништување на помилувањето на 22 аболирани од вкупно 56 лица, а за сите останати ќе ги поништи ако тие го побараат тоа од него Тој и натаму остана на позициите дека донел правилна одлука. Иванов не соопшти кои биле критериумите за аболиција на овие 22 лица.
– Денес донесов одлука за поништување на одлуките за помилување за сите политички експонинирани лица или вкупно 22. Сите други имаат можност да поднесат лични барања за поништување на одлуките – рече Иванов на денешното обраќање.
Тој, пред да ја соопшти одлуката, рече дека неговата одлука од 12 април, многумина не ја разбрале или не сакале да ја разберат и дека, според него, таа била единствениот начин за излез до длабоката политичка криза.
– Бев обивнуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите. Најсовесно изјавувам дека не сум имал таква намера. Ниту еден политичар не е над законот и не е недопирлив. Одлуката за помилување беше најдобрата можност за излегување од политичката криз. Без помирување ова криза ќе трае уште долго, што не е во интерес на граѓаните и на државата – рече Иванов.