Во рамки на предавањето на новите простории кои ќе ги користи Државната комисија за спречување на корупција, претседателката на истата, Билјана Ивановска изрази задоволство што полека се решаваат сите предизвици кои стојат пред комисијата.
„Дојде час да се создаде простор за функционирање на ДКСК. По се што поминавме, добро е што добивме свои простории. Со тоа се реши едно големо прашање, а сега останува овој простор да се прилагоди за нашите потреби. Во однос на другите предизвици кои се пред ДКСК, односно обезбедување на софтвер, со овој буџет пред почетокот на годината се донесе одлука за повеќегодишна набавка за ова решение, и очекуваме тендерот да заврши наскоро. Што се однесува до човечкиот фактор, се надевам на надминување на овој проблем наскоро, со објавување на конкурси за вработување на соодветен кадар“, истакна Ивановска.