„Со каков кредибилитет ДКСК ќе следи локални избори и ќе контролира функционери?“ – прашува поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, во интервју за телевизијата „24“ по скандалот со актуелната прва антикорупционерка Билјана Димитровска, која е осомничена за одавање службена тајна.
„Во отсуство на етички норми коишто се морален компас на едно здраво општество, гледаме што се случува. Како таа се однесува, тоа е прашање на нејзиниот морал и етика, секој има можност да се покаже каков е и што е. Зошто останатите институции не постапуваат, тоа е големо прашање и претпоставувам дека имаат причина зошто не постапуваат и тоа ќе го дознаеме по некое време. Зошто останатите членови се многу тивки, зошто тие не поднесуваат иницијатива до Собранието како надлежен орган, за испитување на одговорност кај нивната претседателка, и тоа исто така ми е чудно“, рече Ивановска.
Ивановска тврди дека Собранието може да ја разреши Татјана Димитровска, но според неа очигледно има причина зошто тоа не го прави.