Ивановска: Значајна е психолошка поддршка во тинејџерските години, да престанеме да се плашиме од темата „самоубиство“

Таа за „Локално“ вели дека дека современите генерации растат во време на константна споредба, перфекционизам и социјални мрежи кои создаваат нереални стандарди за среќа и успех. 

од Бисера Трајковска
8 прегледи

Психологот Тиана Ивановска за „Локално“ вели дека дека современите генерации растат во време на константна споредба, перфекционизам и социјални мрежи кои создаваат нереални стандарди за среќа и успех.

-Во тој амбиент, менталната болка често останува невидлива, бидејќи младите се плашат да бидат осудени, или мислат дека „немаат право“ да се чувствуваат лошо. Кога нема простор за автентичен израз и емоционална поддршка — мислите на безнадежност лесно се претвораат во мисли на самоубиство, вели Ивановска.

Во однос на тоа како да се поттикнат отворени разговори со младите за спречување на самоубиствата и колку е важна психолошка поддршка во тинејџерските години, Ивановска потенцира дека мора да престанеме да се плашиме од темата „самоубиство“.

Таа потенцира дека психолошката поддршка во тинејџерските години е како светло во темна соба – не го менува просторот, но овозможува младите да не се чувствуваат изгубени.

Б.Т.

Слични содржини