Избегана од “Боко Харам”: Ме претворија во машина за секс (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Жена раскажува  како исламситите од “Боко Харам” ја претвориле во машина за секс.Тоа се случи ло во позадината на откривањето дека 214 од спасените 500 жени и девојки од канџите на екстремистите се бремени. 20150508.ytlosykfpx
Асабе Алиу е 23-годишна мајка на четири деца од Делсак, населба во близина на Чибок во североисточна Нигерија. Таа била киднапирана од населбата пред шест месеци, кога била грабната  од “Боко Харам” и одведена во нивната тврдина  во шумата Самбиса. По серијата силувања од различни мажи секој ден, таа била принудена да се омажи за еден од исламистите.
Асабе го  раскажа  тоа пред нигерискиот весник “Дејли тајмс”: “Тие ме претворија во машина за секс.  Ми се редеа  постојано. Сега јас сум бремена и не знам кој е таткото. Кога  бев бремена, тие ме тераа да им готвам “. Од групата од 534 девојки спасени од ропството на “Боко Харам”, 214 се бремени и многу од нив се преплашени дека носат бебињата на своите тепачи. По примерот на Асабе, многу од нив биле третирани како “секс робинки” од екстремистите. Жените биле држени во шумата Самбиса пред владините сили да ги нападат екстремистите и да избегаат, оставајќи стотици жени да се снаоѓаат  сами . Околу 700 жени се ослободени од канџите на терористичката група во последниве недели.Тие биле држени во ужасни услови, откако биле киднапирани од нивните домови.