Алпинистите кои тргнаа на експедиција да го освојат врвот на азиската планина Спантик, преживеаја вистински кошмар.Звучи застрашувачки, и изгледа уште пострашно.
Имено, еден од присутните планинари успеа да забележи застрашувачки момент.Парче карпа падна и полета директно до камперите кои за секунда се спасија од катастрофата и по голема среќа поминаа неповредени.
Видеото беше обесено на Инстаграм профилот на извесен Комал Узаир, кој опиша друга ужасна ситуација од логорот до него.
– Не спиевме ноќе. Наизменично чувавме, гледајќи ги карпите. Поради свлечиштето, свиркавме да се предупредуваме едни на други за опасноста. Му се јавив на сопругот во саботата. Додека разговаравме на телефон, камењата почнаа да паѓаат. Кога ги слушна звуците на лизгање на земјиштето, врева и крик на луѓе од логорот, тој беше многу загрижен и јас започнав да трчам. Го замолив сопругот да ми се јави за половина час и да провери дали сум добро. Звучи смешно, но беше страшно – напиша таа.