135
Терористички напад е спречен синоќа во Белгија во пресрет на изборот за Мис на Белгија, откако 40-годишен маж планирал да ги „убие сите“ на настанот, јавуваат белгиските медиуми.
Според „Нујзблат“, уапсен е маж со два пиштоли – едниот во џебот, другиот во изнајмен автомобил „тесла“.
Полицијата од областа Лимбург била свесна за намерите на мажот пресретнувајќи порака од негов познаник, додава „Либр“.