Да се избере идеалната боја за ѕидовите во домот е навистина напорно. При уредување на интериерот и посебно при бирањето бои за ѕидови не ги планираме просториите одделно, а токму тоа треба да се направи, предлагаат психолозите.
1. За спалната изберете сино – сината боја универзално се поврзува со мир и одмор, веројатно од еволуциската асоцијација на нијансата на небо или вода. Студиите покажаа дека луѓето подобро ќе се одморат ако спијат во сина соба. За најдобар ефект изберете мат и не многу темни нијасни. Задолжително избегнувајте виолетова.
2. Работна соба бојадисајте ја зелено – зелената поттикнува на размислување, а мозкот најдобро работи опкружен со зелени тонови. Причионата е во тоа што потсетува на природа, во која секогаш е најлесно да се избистрат мислите. Како што е случај и со сината , бирајте помалку интензивни нијанси – бојата на листовите од жалфија е идеален избор. Црвената избегнете ја за оваа соба, бидејќи и најмала изложеност на неа, го успорува аналитичкото размислување.
3. Црвена или кобалтно сина за кујна
Боењето на ѕидовите во кујната може да е малку покомплицирано. Повеќето дизајнери ќе понудат црвена или портокалова боја и тоа е во ред, ако не ви пречи тоа што тие две нијанси го поттикнуваат апетитот. За спротивен ефект изберете кобалтно сина боја. Во кујкната поинтензивни нијанси се пожелни, а во предвид доаѓа и комбинација на сина и црвена.
4. Бањата ќе е поубава во нежно розева
Белата боја е премногу строга, па за бањата изберете нежно розева. При тоа заборавете на розевиот Барби свет. Најлесно е да комбинирате во пастелни нијанси од оваа боја. Неонските бои никако не доаѓаат во предвид за бања.
5. Топли песочни бои за дневен престој
Со оглед дека ова е најактивната просторија во станот или куќата, избегнувате темни или интезивни нијанси. Дружењето со пријатели најчесто произведува енергија, само по себе, па тешките бои можат да ја „убијат“ атмосферата. Изберете топла и неутрална нијанса како боја на песок. Темни бои и преинтензивни тонови можат да бидат депримирачки.