Топлиот дрвен ентериер, полиците преполни со пакети кафе и широки, гломазни шолји и термоси за кафе изостануваат од концептот на јапонското дизајнерско студио „Nendo“ за кафуле на „Starbucks“ во Токио. Наместо стандардното уредување околу касата со секакви производи од познатата компанија за кафе, „Nendo“ нудат минималистички и по малку футуристички поглед на тоа како би изгледало кафуле на „Starbucks“.

Ентериерот е прекриен со брановидни, високи бели полици, меѓутоа, наместо кафе, на нив се поставени книги. Книгите се со девет различни корици и секоја од нив претставува различно кафе на „Starbucks“ и во неа се вклучени податоци за кафето што би можеле да ги заинтересираат и истовремено да им помогнат на посетителите да го одберат соодветното кафе за нив. Целата замисла го прави искуството на бирање кафе слично на искуството на бирање книга во книжарница или библиотека, долго и со мерак се разгледуваат можностите за да се направи правилниот избор. Откако ќе ги разгледаат можностите, посетителите земаат книга, ја носат на касата и ја заменуваат за кафе. Корицата може да ја задржат за себе и со тоа да ги задржат и информациите за типот на кафето што го имаат избрано.
Уникатен е и екстериерот, кој е изведен во индустриски стил како да е од стар метален контејне









