Гласачите во источната германска покраина Саксонија-Анхалт излегоа на гласачките места денес за да изберат нов покраински парламент.
Според излезната анкета на телевизијата МДР, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел освои 36 проценти од гласовите, шест проценти повеќе од пред пет години и далеку повеќе од крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која има 22,5 проценти од гласовите, помалку отколку на претходните избори, јавува Ројтерс.
Анкетите пред изборите предвидуваа дека АфД ќе има само процент помалку од ЦДУ, поради што имаше нервоза во партијата на канцеларката Меркел.
За време на гласањето, популарниот претседател на покраинската влада, Рајнер Хазелоф од ЦДУ, рече дека сторил сé што може за да ги убеди гласачите во релативно сиромашниот регион да не се свртат кон крајната десница.
– Направив се што беше потребно и можно за да ги убедам луѓето дека ни треба стабилност и демократски центар – им рече Хазелоф на новинарите во неговиот роден град Витенберг.