Ако историјата е водич, исходот од годинешните претседателски избори веќе е познат. Со исклучок на 2000 година, оттогаш резултатите на сите претседателски избори, вклучувајќи ги и оние во 1980 година, беа определени дури и пред официјално да започне гласањето. Всушност, повеќе од овие избори беа ефикасно завршени од оваа точка во кругот. хилари

Нема причина да се мисли дека годинава, онаква луда како што и беше, ќе биде поинаку. Алармот гласи: победи Хилари Клинтон.

Најдоброто предвидување за исходот од изборите е рејтингот за ова работно место на кое е претседател во заминување – дури и ако не е на избирачкото ливче. Во четири од пет избори од 1980 наваму, кога одобрувањето од страна на претседателот во заминување било до или над 50 проценти, таа страна ја држела Белата куќа. Исклучок беше 2000 година, кога претседателот Бил Клинтон доби рејтинг од 57 проценти одобрување за ова работно место во октомври, во моментот кога Ал Гор „изгуби“ од Џорџ В. Буш.

Во три избори кога рејтингот на претседател во заминување паднало под 40 проценти во последната година од неговиот мандат, таа партија доживува голем пораз.

Некои можеби сметаат дека искуствто на Џими Картер од 1980 ја негира мојата теза дека трките се одлучувачки токму во оваа точка, но не е така. Да, Картер водеше на националните анкети во тристрана трка (се сеќавате на Џон Андерсон?) се до средината на октомври. Но во средината на јуни 1980, поддршката за Картер падна на 31 проценти – и никогаш не се подобри за време на останатиот дел од кампањата.

Карактеристично за тристраната трка го маскираше клучното незадоволство кај јавноста од Картер и тоа продолжи се до крајот на изборите до ниво од скоро 70 проценти во антикартеровското гласање, кој на крајот резултираше со победа на Роналд Реган. До почетокот на летото во 1980, кога двајца од тројца американци не ги одобруваа резултатите на Картер како претседател, имаше малку сомнеж дека земјата нема да му даде уште четири години.

Остануваат трите моменти на изборите: изборот на номинирани за потпретседател, партиските конвенции и есенските дебати. Ако не го сметаме бездушното известување, ништо од ова немало мерливо влијание во менувањето на исходот од претседателските избори во изминатите 40 години.

Последен пат кога изборот на потпретседател можеби влијаел на исходот било во 1960 година, кога изборот на Џон Ф. Кенеди на Линдон Џонсон им обезбеди победа на демократите да го добијат Тексас.

Последниот пат кога некоја партиска конвенција го сменила исходот од претседателските избори било во 1968, кога демократите се соочија со четридневните насилства по улиците на Чикаго.

А последниот пат кога некоја дебата можеби влијаела на исходот се случи во 1976, кога Џералд Форд по грешка кажа дека „не постои советска доминација во Источна Европа“ и громогласно ја заврши својата трка против Картер.

Сите индикатори дека кампањата 2016 ќе продолжи по оваа шема.

Рејтингот за постигнатото од претседателот Барак Обама сега е над 50 проценти. Значајни структурни предности исто им беа во прилог на демократите од 1992 до денес. Партискиот канидидат победи во 18 држави, плус во Областа Колумбија – со вкупно 242 делегати – во сите избори од 1992 до денес. Сега Ново Мексико со своите пет избирачки гласови, кои Буш ги доби во 2004, се сметаат обезбедени за демократите. Ако овие држави останат цврсти за Клинтон, и остануваат само 22 гласа кусок од 270-те потребни за победа.

Демографските трендови од 1992 до денес само ја засилуваат предноста за демократите. Покрај ова, Клинтон ужива значајна финансиска и организациска предност во споредба со претпоставената републиканска номинација Доналд Трамп. Во изминатиот месец, кампањата на Клинтон потроши 23 милиони долари за реклами во осум „одлучувачки“ држави, каде Трамп не искористил ниту дел од кампањата за да возврати на нејзините напади. Клинтон исто има стабилен кампањски тим докдеа ја води националната кампања составена од околу 700 луѓе. Од друга страна, кампањата на Трамп постојано менува високи личности во тимот кој брои околу 100 луѓе.трамп хиларо

Последно, но можеби и најважно, никогаш досега некоја партија не номинирала кандидат како што е Трамп. Да, и негативните оценки за Клинтон се високи – но за Трамп се многу повисоки, и достигнуваат 70 проценти, од кои половината имаат силно негативен став против него.

А партијата на Трамп воопшто не му помага. Според неодамнешната анкета на Блумберг, само една третина од Американците имаат позитивен став за Републиканската партија. Околу 38 проценти од самоопределените републиканци имаат негативен став за својата партија.

Американците го гледаат своето гласање за претседател поинакво отколку за било која друга позиција. На крајот, ова е одлука која е онолку емоционална колку што е и инстинктивна. А кога еднаш гласачите ќе го направат изборот, тешко дека тоа може да се смени.

Гласачите треба да го запознале Трамп во изминатава година. Тие прилично се одлучни во врска со своите чувства. Нема големи шанси било што да се случи во преостанатите денови од кампањата кое ќе го смени тоа.

Автор: Даг Сосник, политички стратег кај демократите,беше висок советник на претседателот Бил Клинтон од 1994 до 2000 година

Вашингтон пост – Вашингтон

Слични содржини