Изборите во Гагаузија и асоцијациите со Крим

од desk3
175 прегледи

Поддржаниот од Москва кандидат за гувернер на Гагаузија, автономен регион во Република Молдавија, e со добри шанси за успех. Владата во Кишињев и ЕУ стравуваат од “Кримско” сценарио и во Молдавија.

0,,16959174_303,00

Европа е премногу далеку за автономниот регион Гагаузија, кој се наоѓа во јужниот дел на Република Молдавија. За последен пат тоа се виде на почетокот на минатата година, кога 98% од учесниците во еден референдум се изјаснија за потесно поврзување на областа со Руската Федерација. Тематската анкета покажува дека само околу 2% од локалните луѓе ја поздравуваат Спогодбата за асоцијација на Република Молдавија со ЕУ, додека огромното мнозинство преферира склучувањето на царинска унија со Русија, Казахстан и Белорусија. Во оваа област живеат околу 160 000 луѓе, од кои повеќето се гагаузи – турскојазичен народ со христијанска вероисповед.

За разлика од Транснистрија што се оддели од Република Молдавија по крвава граѓанска војна во 1992 година, Гагаузија си остана автономен регион во составот на Република Молдавија. Но во контекст на кризата во Украина почнаа да се појавуваат се повеќе силни сепаратистички тенденции и во Гагаузија. Не е тајна и тоа дека Москва вложува посебни напори за да се намали влијанието на централната молдавска влада. Така на пример руското ембарго, поради склучениот договор за асоцијација на Молдавија со ЕУ, се однесува само за молдавските вина и земјоделски производи, но не и за оние од Гагаузија.

Силната проруска ориентација на локалното население се должи и на фактот дека тоа има речиси само руски извори за јавно информирање, кои шират свесни лаги за европската интеграција. Тие ја претставуваат ЕУ во исклучително негативна светлина и сеат страв дека регионот требало да стане европска колонија.

Проруската кандидатка води

На изборите за гувернер оваа недела /22.3./ најдобри шанси, според анкетите, има кандидатката Ирина Влав. 60% од гагаузите очигледно би ја избрале уште во првиот круг. Социјалистката добива поддршка не само од проруските пријатели од Молдавија, но и од Москва. Руски пратеници неколкупати ја посетија провинциската престолнина Комрат и се замешаа во предизборната борба. Проевропската молдавска влада гледа во тоа отворено руска мешање во внатрешните работи на земјата и се стравува од зајакнување на сепаратистичките тенденции во Гагаузија.

Молдавскиот публицист Николае Негру го нарекува руското вплеткување во Гагаузија како “чиста провокација”. Според него, Москва се обидува да го инструментализира ентитетот против централната влада во Кишињев со цел да “ја ослаби европската перспектива на Република Молдавија”.

 

0,,18330143_401,00

Москва е заинтересирана Гагаузија

Актуелниот развој во регионот го потврдува мислењето: анексија на Крим пред една година, војната во Украина, стратешкото партнерство на Русија со сепаратистичките грузиски региони Абхазија и Осетија и на последно место присуството на руски војници во немирната Приднестровска Република во источниот дел на Молдавија нанесоа значаен удар на тнр. источно партнерство на ЕУ со Грузија, Украина и Република Молдавија.

Молдавскиот политички аналитичар Корнелиу Кури исто така е на мислење дека руската предизборна “помош” за Гагаузија си постави за цел да го стимулира сепаратизмот во регионот. Експертот смета дека дел од одговорноста за сегашната ситуација носи и молдавската влада. Вечниот судир меѓу т.н. проевропски партии во Кишињев и нескриената незаинтересираност кон автономниот регион ја уништи довербата на тамошните луѓе кон власта. Поради тоа не било исклучено Гагаузија да стане “од лојална автономија во трајна платформа за антиевропски позиции”.

Последните изјави на рускиот министер за надворешни работи, исто така, беа доста провокативни. На руската телевизија Лавров изјави дека поради договорот за асоцијација на Молдавија со ЕУ Москва била принудена да обрне повеќе зајакнато внимание на интересите на одредени области во регионот, а особено на Гагаузија.

Опасност од дестабилизација

0,,17504199_401,00
Во Германија ги следат со големо внимание настаните во пресрет на изборите во Гагаузија. Претседателот на Комисијата за европски прашања во Бундестагот Гунтер Крихбаум изјави дека со оглед на ситуацијата во Украина Москва треба да биде предупредена да не создава нова дестабилизација во Европа. Пратеникот потсети уште дека како Украина, така и Република Молдавија се суверени држави, и дека “сè што го нарушува нивниот суверенитет, претставува отворено кршење на меѓународното право”.

Известувачот на Бундестагот за Република Молдавија и Украина Бернд Фабрициус смета дека евентуалната победа на Ирина Влав би можело да ги радикализира барањата на автономниот регион Гагаузија кон централната власт во Кишињев – во насока на уште поголема самостојност. И бидејќи социјалистите се финансираат директно од Москва, познатото веќе сценарио со анексијата може да се покажее повторно актуелно, смета Фабрициус.

На друго мислење е претседателот на Германско-молдавскиот форум Манфред Грунд. Според него стремежот на Москва да им помогне на проруските сили да дојдат на власт во Гагаузија не содржи конкретни индиции за тоа дека на крајот би можело да дојде до отцепување, како што се сличи со Транснистрија. Вистинската цел била да се врши притисок над Кишињев и да се дестабилизира земјата.