Во Цетиње денеска ќе се одржи седница на Парламентот на Црна Гора, на која треба да се избере нова малцинска влада, предложена од мандатарот Дритан Абазовиќ.
Новата влада, како што е предложена, ќе има 18 ресори, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор.
Пратениците на Демократскиот фронт нема да присуствуваат на денешната седница, бидејќи ја сметаат предложената влада за нелегитимна, изјави пратеникот на оваа коалиција, Славен Радуновиќ.