Избран нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Во Стопанска банка таа доаѓа од позицијата помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, каде што беше посветена на унапредување на производи, дигитални алатки и канали, како и на развој на стратешки партнерства и концепти за вградено банкарство (embedded banking)

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, сподели „Бизнис инфо“.

Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ Групацијата. Нејзината кариера е обележана со врвни резултати, признанија за иновативност во 2022 и 2024 година, како и исклучително лидерство во областа на дигиталната трансформација и развојот на нови банкарски услуги.

Во Стопанска банка таа доаѓа од позицијата помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, каде што беше посветена на унапредување на производи, дигитални алатки и канали, како и на развој на стратешки партнерства и концепти за вградено банкарство (embedded banking). Има значајно искуство и во управување со тимови во областа на корпоративно банкарство, наплата, кредитна анализа и проектно финансирање.