220
Во директен пренос од засолниште за бомби, Украина го избра поп дуото Творчи да ја претставува земјата на следниот избор за песна на Евровизија.
Нивната песна „Heart of Steel“ е првата песна потврдена за натпреварот во 2023 година во Ливерпул.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на Украина“, им рече на гледачите пејачот Џефри Кени.
„Не очекувавме да победиме, но сакаме да им кажеме „благодарам“ на сите што не поддржаа, кои ја слушаат нашата музика и кои се борат на првите борбени линии“, додаде Хуцуљак.
Нивната енергична песна победи голем број балади со воена тематика.