Избришана Фејсбук-страницата на компанијата „Јулија“

од Milan1
99 прегледи

– Фејсбук-страницата на компанијата „Јулија“, која се занимава со превод и консултации, а од која потекнува сертификатот за познавање на англиски јазик ТОЕФЛ кој го приложил новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, повеќе не постои, односно од утрово е избришана.

Валидноста на сертификатот со кој се стекнал Христовски во меѓувреме го проверува Антикорупциската комисија.

Од СДСМ секојдневно преку соопштенија бараат тој да се разреши, а побараа и од Јавното обвинителство да отвори истрага, за како што велат, „незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ“.

Слични содржини