Советот на Општина Аеордром на вчерашната седница ја изгласа иницијативата да се избришат уште три градежни маркици во Реонскиот Центар, со што ќе се спречи изградба на згради на вкупен простор од 13.200 м2.
Ова доаѓа на предлогот на градоначалникот на Општина Аеордром, Тимчо Муцунски, со цел како што соопштија од општината, да се спречи бетонизацијата и наместо тоа да се стави акцент на зеленилото и хуманата урбанизација.
-Овие чекори ќе продолжат и понатаму. Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општина, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.