Кога Илон Маск го објави името на лицето кое ќе го води тогашниот Твитер, а сега Платформа X, пред нешто повеќе од две години, многумина беа изненадени. Да, стануваше збор за искусна личност која претходно работела првенствено во маркетинг, и токму тоа му беше потребно на Твитер. Но, тоа не беа единствените предизвици со кои се соочи.
Две години подоцна, Линда Јакарино објави дека се повлекува од функцијата извршен директор на Платформата X.
Нејзиното заминување беше малку изненадување, особено затоа што таа не даде причина во својот пост на X.
„Кога Елон Маск и јас првпат разговаравме за неговата визија за X, знаев дека ова ќе биде можност на животот да ја оживеам извонредната мисија на оваа компанија. Неверојатно сум му благодарна што ми ја довери работата“, напиша таа на X. „Ќе те бодрам додека продолжуваш да го менуваш светот“.
After two incredible years, I’ve decided to step down as CEO of 𝕏.
When @elonmusk and I first spoke of his vision for X, I knew it would be the opportunity of a lifetime to carry out the extraordinary mission of this company. I’m immensely grateful to him for entrusting me…
— Linda Yaccarino (@lindayaX) July 9, 2025
Многумина ја сметаа Јакарино за спротивност на Маск. Во многу погледи, таа е традиционална бизнисменка, што требаше да обезбеди рамнотежа nа непредвидливиот и честопати контроверзен Маск.
Но, се чини дека не секогаш успевала. Јакарино е главното лице на платформата X во последните две години, фокусирајќи се првенствено на враќањето на огласувачите кои го напуштија тогашниот Твитер во голем број откако Маск ја презеде компанијата. Во Вашингтон, таа се залагаше за закони за безбедност на децата на Интернет и честопати се наоѓаше под оган поради постапките на Маск поврзани со платформата X.
Tи благодарам за придонесот, напиша Маск накратко за X.
Маск сега ќе мора да најде нов извршен директор во време кога мора да се справи со други проблематични ситуации. Прво, со четботот Gronk, кој е вграден во платформата X, и кој е широко осуден поради неговите „несоодветни коментари и објави“ во кои го фали Хитлер.