17
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Албанија, каде ќе се сретне со албанскиот државен врв.
Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, за време на дводенвниот престој во Тирана, првиот вицепремиер Меџити ќе има средби со претседателот Бајрам Бегај, со премиерот Еди Рама, а на покана на министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани ќе учествува и ќе се обрати на Меѓународната конференција на амбасадори, која се одржува од 26 до 28 август.