Изгаснати 23 пожари на отворено, тимови на ЕВН интервенирале во 12 општини

од Vladimir Zorba

Пожарникарите вчера изгаснале 23 пожари, а тимовите на ЕВН интервенирале во 12 општини каде што заради локално невреме проследено со силен ветер имало повеќе дефекти и прекини на доводот на електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Пожари на отворено, вчера имаше вкупно 23 и противпожарните тимови сите ги изгаснале, според информациите од Секторот за операции и координација во ЦУК. Изгаснатите 23 пожари, при што горела, мешана и нискостеблеста шума, сува трева, а на места и отпадоци) настанале во сите делови на државата во општините: Долнени, Новаци, Илинден, Студеничани, Сарај, Могила, Прилеп, Струга, Кичево, Штип, Куманово Боговиње, Општина Гостивар и на територијата на Град Скопје, посочуваат од ЦУК.

Оттаму наведуваат дека како спротивност на пожарите вчера биле локалните врнежите во делови на државата, проследени и со посилен ветер, па имало на многу места, во Штипско, Кривопаланечко, Кратовско и други места во Североисточниот дел на државата имало паднати дрвја и прекини на електричната енергија.

-Практично, во комбинација со пожарите и силните локални поројни дождови со посилен ветер придонесоа на многу места вчера да има прекин на доводот на електрична енергија, а некаде и утрово немаше, па екипите на ЕВН имаа полни раце работа и се уше се на терен согласно пријавите за дефекти. Такви итни случаи имало во градот кратово и во повеќе села и населени места во вкупно 12 општини. Екипите на ЕВН се терен за да бидат отстранети дефектите, согласно можностите и условите, соопштуваат од ЦУК.

Слични содржини