Кралот Чарлс денеска бил фотографиран како мавта на насобраната толпа додека ја напушта резиденцијата, пред почетокот на комеморацијата за грчкиот крал Константин. Од фотографиите евидентно е дека кралот изгледал уморно, што предизвика уште поголема загриженост за неговата здравствена состојба.
Кралот одлучил да не присуствува на комеморацијата поради неговата болест, а неговите должности ги презела кралицата Камила. Таа ќе настапи и во името на принцот Вилијам, кој исто така нема да присуствува на настанот, најверојатно поради здравствената состојба на неговата сопруга, пишува „Дејли мејл“.
Кралот Констатнин почина на 82-годишна возраст, а денеска во негова чест се одржува комеморација во црквата Св. Џорџ.
За потсетување, на кралот Чарлс му беше дијагностициран рак на почетокот на месецов, но деталите за болеста не се откриени.