Едно од возилата кое ноќеска било опожарено во близина на изгорената барака на ЈП Улици и патишта, е сопственост на обвинителот Гаврил Бубевски.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 1 часот по полноќ добиле пријава дека на улицата Стефан Јакимов Дедов настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. (38) од Скопје.
– Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б. (45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени – информира МВР.
Неговиот автомобил се запалил откако пожарот се проширил од другото возило, кое било паркирано зад неговото.
Од пожарот опожарени се сите простории во административниот објект на ЈП Улици и патишта, информираат од ЈП УИП.
-Единиците на противпожарната бригада и единиците на МВР сеуште го обезбедуваат објектот кој е со површина од 380m2.Оперативните тековни обврски редовно се извршуваат соогласно програмата и планот за работа, додека најнеопходните административни работи се извршуваат во отежнати услови. Во моментов превземаме мерки да обезбедиме просторно решение за нормално функционирање на претпријатието, соопштија од претпријатието.