Крајниот рок за завршување на изградбата на „Северен тек 2“ во германските води беше поставен на 12 септември годинава, пренесува агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори во германската влада.
Според податоците на порталот „Marine Traffic“, бродот што се занимава со поставување цевки на дното на морето „Фортуна“ се наоѓа во територијалните води на Германија.
Во овој момент, „Северен тек 2“ е завршен околу 90 проценти. Претходно денеска, бродот „Фортуна“ го заврши поставувањето на гасоводот на гасоводот „Северен тек 2“ во економската зона на Данска.
Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два краци од гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.