Изгубила 226 килограми, па се оперирала: Имала 6 килограми вишок кожа, а сега позира во тесна црна долна облека

од Весна Петровска
112 прегледи

Тами Слејтон, ѕвездата на популарната ријалити серија „Сестри од 1000 фунти“, гордо ја покажа својата нова фигура по операцијата за отстранување на вишокот кожа. Таа сподели серија фотографии на ТикТок на кои позира во црна, тесна долна облека и жолта маица, покажувајќи знак на мир и насмевка на задоволство.

Теми беше подложена на операцијата на 18 јануари, а нејзините резултати беа прикажани во неодамнешните епизоди од серијата. За време на долгата, осумчасовна процедура, лекарите отстранија над 6 килограми вишок кожа од нејзината брада, стомак и раце, која остана по нејзиното импресивно губење на тежината од над 226 килограми.

Претходно, откако ослабела, нејзиниот хирург, д-р Ерик Смит, и препорача операција за отстранување на кожата бидејќи вишокот кожа ја ограничува нејзината подвижност и влијае врз квалитетот на нејзиниот живот.

„Обично сакаме пациентите да ја стабилизираат својата тежина 3 до 6 месеци пред операцијата, но во случајот на Тами, вишокот кожа значително влијае на нејзината подвижност и здравје. Затоа има смисла таа да се оперира порано“, објасни д-р Смит.

Тој, исто така, ја нагласи важноста пациентите да ја препознаат својата вредност и да се чувствуваат достојни за подобар живот, што беше клучот за успехот во трансформацијата на Тами.

Помеѓу 2020 и 2022 година, Тами изгубила околу 90 килограми за да се квалификува за баријатриска хирургија. По операцијата во 2022 година, таа изгубила дополнителни 136 килограми.

Во ноември 2024 година, емотивен момент снимен во серијата ја прикажува Тами како стапнува на вагата и открива дека сега тежи 127 килограми. „Мислам дека последниот пат кога имав ваква тежина бев во четврто или петто одделение“, рекла таа.

Тами Слејтон продолжува да инспирира многумина со своите неверојатни напори и доказ дека со напорна работа и поддршка сите пречки можат да се надминат.

Tammy Slaton, star of 1000-lb Sisters, is barely recognizable after extreme weight loss and skin removal surgery.
byu/Beautiful-Bit9832 ininterestingasfuck

Слични содржини