Д-р Миланко Шеклер, српски вирусолог и микробиолог, коментираше за методите за поттикнување на вакцинацијата, особено кај младите.
Тој го наведе примерот на Виена, која воведе обврска да покаже потврда за вакцинација или PCR-тест за одење на фризер или за влез во јавен превоз, а спомна и разговор со „анти-ваксер“ кој го оставил без зборови.
„Неодамна се сретнав со еден млад човек кој ми рече дека ќе се вакцинира само кога вакцинацијата ќе биде задолжителна. Го прашав зошто само тогаш, и тој рече дека штом не е задолжително, тоа значи дека пандемијата не е сериозна. Не знаев што да кажам, останав без зборови“, рече д-р Шеклер.
Тој додава дека е логично здравствените работници да бидат вакцинирани.
„Мене ми е логично да се заштитени во контакт со пациенти, не дај Боже ако се заразат со ковид, завршат во болница или умрат, на тој начин го загрозуваат здравствениот систем“, рече тој.