Изјава на нејзиното момче ги подгреа гласините: Дали Меган Фокс е бремена?

од Stefanija Kuzmanovska
412 прегледи

Сите се прашуваат дали Меган Фокс е бремена по четврти пат, поради изјавата на нејзиното момче на доделувањето на Билборд наградите. На црвениот тепих прошетаа Меган (36) и Машин Ган Кели (32), а актерката носеше гламурозен црн фустан.

За време на настапот Машин Ган Кели посвети песната на Меган и нивното бебе, што ги збуни сите и ги подгреа гласините дека убавата актерка е бремена.

„Ова е за мојата сопруга Меган и нашето неродено бебе“, рече тој најавувајќи ја песната Twin flame.

Меган има три сина со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Дејвид Остин Грин, додека раперот има ќерка од претходната врска.