Регионалните медиуми веќе некое време зборуваат за улогата што ја има поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во серијата „Дар Мар“.
Со оглед на големиот интерес на тамошната публика, порталот „Дневник.хр“ донесе ексклузивни фотографии од сетот на споменатата серија.
„Секогаш се обидуваме да бидеме иновативни, автентични и благодарни сме на можноста што успеавме да ја постигнеме оваа соработка и да ја снимаме поранешната претседателка во камео улога во серијата ‘Дар Мар’. Сценаристички ни се наметна идејата за тоа како би било многу интересно да ја донесеме поранешната претседателка наместо да бараме актерка што би можела да ја толкува. Задоволни сме што успеавме во тоа затоа што таа е врвен професионалец и без оглед на тоа што нема искуство со глума, таа одлично се снаоѓа на снимањето. Воодушевени сме од нејзината харизма, која овојпат ја употреби пред нашите камери наместо во политички цели. Морам да признаам дека таа направи вистински подарок стапнувајќи на нашиот сет, и дека гледачите ќе бидат воодушевени од ова нејзино актерско патување, како и од многубројните изненадувања што сè уште ги подготвуваме “, изјави директорката на продукцијата Сања Тукман за Нова „ТВ“.