„Излегов од кафезот“: Тамара проговори за разводот од Александар

од Stefanija Kuzmanovska
690 прегледи

Македонската пејачка Тамара Тодевска одлучи да се разведе од кошаркарот Александар Димитровски по седум години брак.

Како што истакнала, одлуката не ја донела преку ноќ и е среќна што повторно дише целосно, а новата песна „Нијагара“ ја напишала во моментот на најголема тага.

– Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во агонија, се се вртеше во круг, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Додека пишував ми се врати она што ми се случи во претходниот период. Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина го сакате тоа. Тоа е за сите кои имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација, вели пејачката и додава:

– Сè уште сум официјално во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак. Тоа е одлична работа што ја направивме еден за друг. За се има излез, само треба да верувате во тоа. Не излегов сама од тоа, имам пријатели, родители, психолози, не се срамам од тоа. Најважно е што излегов од тој кафез, додаде таа за „Гранд“.

Слични содржини