364
Премиерот Зоран Заев во рамки на прес конференцијата посветена на ефектите од досегашните четири пакети економски мерки, посебно се осврна на стабилноста на банките кај нас и на одредени шпекулации кои се јавуваат деновиве околу нивната стабилност.
„Уште еднаш ја користам можноста да потенцирам, банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Деновиве овие шпекулации кои што излегуваат навистина се со зла намера да наштетат на депозитната база и на банкарскиот сектор. И најголемата банка, Стопанска банка – Скопје и другите банки се стабилни и финансиски ликвидни“ , нагласи премиерот Заев.