Петнаесет месеци по објавувањето на првиот трејлер, креаторите на мега популарната серија „Stranger Things“ објавија нов мистериозен трејлер.
Тоа навестува враќање на д-р. Мартин Бренер, кој го игра Метју Модин. Заплетот на едноминутното видео е сместен во Националната лабораторија Хокинс каде Бренер одгледуваше, тренираше и експериментираше врз деца со психокинетичка моќ, вклучувајќи ја и Елевен, sвездата на серијата.
На крајот од трејлерот, камерата застанува пред вратата број 11 и се слуша гласот на Бренер кој прашува: „Дали слушаш, единаесет?“. Потоа драматично ги отвора очите. Ова, пишуваат медиумите, навестува на заплетот на новата сезона, која, се чини, ќе се справи со раното детство на Елевен во лабораторијата.
Претходниот трејлер, кој излезе во февруари минатата година, откри дека Хопер, еден од омилените ликови на серијата, е жив.