Ѕвездата на филмот „Трансформери“ изјави дека естетската хирургија не може да ни ја поправи несигурноста, а сега се почесто ги посетува овие клиники.
Меган Фокс беше синоним за природна женска убавина, но во последните години евидентно е дека го корегирала својот изглед.
Таа не сакаше да се огласува на оваа тема, но неодамна беше фотографирана како излегува од болница за пластична операција.
Можеби ова ќе останеше незабележано, доколку актерката не излезеше со ќебе преку главата. Една од медицинските сестри ја однела до нејзиниот автомобил во инвалидска количка, а Меган за оваа прилика избрала хеланки и жолт џемпер.
Да потсетиме, Меган претходно истакна дека „нема да успееме да си ја ублажиме несигурноста со пластични операции“.
„Би го охрабрила секој кој сака да направи пластична операција прво да разговара со терапевт, да се обиде да разбере од каде доаѓа таа желба. Бидејќи многу пати тоа не е поврзано со вашите заби, носот или брадата – операцијата нема да ја ублажи таа несигурност“, изјави таа за Allure во 2010 година.
Меѓутоа, Меган во меѓувреме претрпе многу интервенции, па можеме да видиме дека ги зголемила градите, а дефинитивно ги оперирала носот и устата.