442
Објавен е првиот трејлер за филмот „House of Gucci“ на Ридли Скот, инспириран од шокантно вистинската приказна за семејната империја зад која се крие италијанската модна куќа Гучи. Во главните улоги се и Ал Пачино, Лејди Гага и Адам Драјвер.
Врз основа на книгата „The House Of Gucci“ напишана од Сара Геј Форден, во филмот станува збор за три децении љубов, предавство, одмазда и конечно убиство.
Во новиот филм на Ридли Скот, ќе видиме што значи името Гучи, колку вреди и до каде ќе оди семејството, за контрола.
Во новиот филм, Скот собра импресивна екипа на актерски sвезди – Лејди Гага, Адам Драјвер, Ал Пачино, Џереми Ајронс и Џаред Лето, кој е целосно непрепознатлив во филмот „Гучи“.