Промоција на Монографијата „Современа македонска фотографија – Македонска фотографија 1945-2020“ ќе се одржи на на 30-ти јануари ќе се одржи во Културно информативниот центар во Скопје.
Монографијата е капитално дело и е единствена од ваков вид со вовед во историскиот и креативен развој на фотографската уметност во Македонија. Поддржана како Проект од национален интерес од Министерство за култура, представува пресек на речиси 80 годишно творештво на автори членови на Фото сојуз на Македонија.
На промоцијата ќе биде поставена изложба на автентични дела од Архивата на Фото сојуз на Македонија кои премиерно се претставуваат на пошироката јавност.
Автори од калибарот на Цветко Иванов, Благоја Дрнков, Кирил Билбиловски, Лазо Величковски, Ѓорѓи Гога Попов, Живко Јаневски, Благоја Бањански, Александар Цветиновски, Ацо Кондев, Владо и Лазо Плавевски, Билјана Јуруковска, Владимир Тодоров па се до Боро Рудиќ, Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Валентин Малинов, Раде Луковиќ, Драги Неделчевски и секако помлада генерација автори.