Изложба на фотографии и панел „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Изложба на фотографии и панел дискусија, „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“, организирана со поддршка на заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“, ќе се одржи во среда, 13 декември 2023 година во 18.30 ч, во Мала станица, Скопје, Северна Македонија.

Целта на овој настан е да се прослави Меѓународниот ден на човекови права и да се подигне свеста за важноста на пристапот до правдата за сите и за користа којашто ја носи за сите. На настанот учесниците ќе имаат можност да видат изложба на најдобрите фотографии избрани од фото-натпреварот „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“ ”, којшто беше објавен на Европскиот ден на правдата.

Главни панелисти ќе бидат:

  • Мухамед Точи, Државен секретар во Министерството за правда на Северна Македонија,

  • Елена Јовановска Брезоска, Раководителка на Одделот за Југоисточна Европа во Советот на Европа,

  • Љубомир Михајловски, Претседател на Адвокатската комора, и

  • Милица Шутова, Раководителка на Правната клиника при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

По панел-дискусијата, Државниот секретар на Министерството за правда ќе ги објави победниците на натпреварот. На настанот ќе има и музички настапи на студентите од катедрата за џез (Универзитет Гоце Делчев во Штип).

Настанот ќе биде отворен за медиумите. Ќе биде обезбеден превод на англиски/македонски јазик.

Настанот е организиран во рамките на заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“”, иницијатива за соработка со цел да им се помогне на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да ги исполнат европските стандарди.

Програма за настанот

За повеќе информации и техничка поддршка, контактирајте ги:
Sinisa Pekevski , локален консултант на Совет на Европа, мобилен телефон +38971386091

Irena Cuculoska Jakimovska , виша раководителка на проектот, Совет на Европа, мобилен телефон

+ 389 70 900 236

Слични содржини