На 16 октомври 2024 (среда) во 18 часот, во Порта „Македонија“ ќе биде отворена самостојната изложба на уметнички слики „Лице“ од авторката, Мара Цветкова од Швајцарија. Цветкова е членка на Македонскиот национален сојуз, организација која ги опфаќа Македонците по род во Швајцарија. Родена е во општина Ново Село, струмичко, долги години живеела во Италија а потоа и во Швајцарија.
Името „Лице“ е одбрано за назив на изложбата бидејќи авторката е убедена дека „лицето е секогаш таму, скриено од очите на оние кои не можат да го видат“! Се обидувам да го откријам лицето на нештата пренесувајќи им го преку своите дела на другите“.
Уметничките слики насловени како „Херојот од Филипи“, „Александар III Македонски“, „Дрво на животот“ и многу други ќе и бидат претставени на скопската публика а потоа и на струмичката.
Промотори на изложбата се ликовниот уметник, Марија Светозаревиќ и историчарот на уметност, Виолета Сантовска.
Сите заинтересирани граѓани ќе може да ја погледнат изложбата до 23 октомври.