48 годишната жена од Куманово пријавила во полиција дека била измамена од скопјанец на кого му платила 810 евра за да ѝ обезбеди наводен паричен надоместок од држават.
– Според пријавеното, на крајот на април 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно. Според пријавата, откако се договориле, во два наврати ги предала парите на лице од Скопје, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.