65
Возрасна скопјанка вчера во полиција пријавила измама и дека е оштетена за сума од 10.000 евра.
-77- годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на телефон и ја известило дека нејзината ќерка, наводно, учествувала во сообраќајна несреќа во која загинал малолетник и дека родителите на малолетникот се согласиле за одреден паричен надомест да не пријавуваат во полиција. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите, но подоцна сфатила дека таков настан немало и дека е измамена, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.