67
„На 25.12.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат.
Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена“, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.