Изменет режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26.06.2021 (сабота), поради одржување на „Парада на гордоста“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Притоа, предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12.00 часот е по ул.„Димитрије Чуповски“, свртување на ул.„Даме Груев“ и бул.„ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по бул.„Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17.00 часот.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Слични содржини