Со пакетот реформи на зоните се опфатени и измените на Законот за индустриски зони што се веќе во финална фаза со кои, според Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ, се креираат еднакви можности и за домашните и за странските компании.
-Идејата е сите домашни компании што веќе функционираат во рамки на зоните што се „под капата“ на општините да добијат можност во рамки на новиот закон да уживаат во бенефициите на современа инфраструктура, но, исто така и на поефикасни јавни услови што ги обезбедува Дирекцијата. Сите индустриски зони, што функционираат во рамки на општините, сите т.н зони што немаат формално-правен статус, ќе можат да влезат во рамки на системот на ТИРЗ. Тоа значи дека како институција на централната власт целото наше знаење и капацитет ќе ги ставиме на располагање. Ќе можеме директно да вложуваме во развој на пристап до енергија, на сите програми поврзани со развој на човечки ресурси… Државната поддршка ќе биде тука за нив, рече Деспотовски за МИА.
За законските измени се финализират консултациите со клучните институции, а Деспотовски очекува Министерството да го презентира пред Владата во наредните неколку недели.