Изминатото деноноќие произведени 16.178 MWh електрична енергија, целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

од Radmila Tasevska
297 прегледи

Вчера АД ЕСМ произведе 16.178 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

Во термоелектраните произведени се 12.211, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.967 мегават часови електрична енергија.

– Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.120 мегават часа електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, се вели во соопштението од Владата.

Слични содржини