Сакате да се забавувате како Леонардо ди Каприо и Ријана?
Е, сега можете да уживате во луксузен одмор како најголемите холивудски ѕвезди, ако ја изнајмите куќата во која се забавуваа Лео и Ријана за време на љубовната авантура.
Во луксузната вила во Сент Бартс престојувале уште пејачката Лана дел Реј и модниот дизајнер Марк Џејкобс.
Карипскиот имот располага со огромен базен со поглед на небесносиното море со песочни плажи. Опишана како куќа за милиони долари, таа нуди уште студио со опремата, со која е снимен албумот на Џон Ленон “Imagine”.