Трендовите доаѓаат и си одат, но најубавите работи во животот се исти со векови. Бакнеж, интимен допир, љубезен збор и искрена насмевка нè прават среќни на ист начин со генерации. Во оваа категорија би можеле да го ставиме и сексот бидејќи ни сексуалното задоволство не може да се смени.
Барем така мислевме, до најновото истражување, кое вели дека одредени навики – излегле од мода.
Познатата британска терапевтка Трејси Кокс ги сподели резултатите од истражувањето кое потврди дека го имаме истиот сексуален жар како и минатите генерации, но нашиот начин на живот толку многу се промени што почнавме да го толкуваме сексуалното задоволство на поинаков начин.
Така, одредени однесувања во сексот излегоа од мода и младите повеќе не ги практикуваат.
Во продолжение прочитајте какви се овие однесувања:
Долга предигра
Во денешниот зафатен свет, сè е во движење. Поминувајќи, пиеме кафе, разговараме на телефон, ручаме, попатно разговараме со личност која одамна ја немаме видено, а како што стојат работите – „попатно“ и водиме љубов. Денес се што е побрзо е подобро, па долгата предигра е нешто што излезе од мода.
Сепак, овде можеме да ја искористиме познатата фраза која вели дека порано беше подобро. Предиграта не е луксуз, туку женска потреба што го прави нашиот секс многу подобар и попријатен. Истражувањето покажало дека младите не се откажуваат од предиграта, туку ја прават пократка, но поинтензивна.
Тантрички секс
Современата младост ги научи луѓето како да го одвојат сексот од чувствата. Појавата на онлајн апликациите за запознавање отвори ера на неконвенционални врски и неврзан секс кој е во служба на задоволување на физичките потреби, наместо да се создаде љубовна врска.
Тантричкиот секс е древна хинду практика која вклучува бавна интимност, чија главна цел е поврзување на телото и умот. Медитација, контрола на дишењето, одложување на климаксот и еротска масажа се само дел од начините за тантрично водење љубов. Истражувањата покажаа дека луѓето повеќе немаат време за такви сексуални активности, а со тоа и го изгубиле интересот.
Секс пред спиење – во кревет
Дури и оние парови кои сакаат да експериментираат на крајот ќе се согласат дека стариот добар секс во кревет е најудобниот избор. Како што веќе спомнавме, младите денес мислат дека „ванила сексот“ е излезен од мода, а главната причина е практичноста.
Животот се движи пребрзо, па повеќето млади брзо ќе ги задоволат своите потреби во јавен тоалет или во парк, за да не мора да покажуваат никаква одговорност после сексот. Не е ново што младите водат љубов на јавни површини, паркови и во автомобили, но секако е ново што тие би ги избрале овие места наместо удобен кревет.