Нов скапоцен камен изникна во туристичкото гратче Као Лак во Тајланд .
Ова е хотелот Manathai Khao Lak , кој ветува незаборавно искуство на сите кои одлучиле да отседнат токму во него за време на нивниот одмор во егзотичната азиска земја.
Стилскиот хотел нуди неверојатен поглед кон живописната природна убавина , вклучувајќи обемни делови од чистите плажи и водопади . За оние кои сакаат, се нудат и прошетки со слонови, кајакарство и нуркање .
Восхитувачкиот хотел се наоѓа само на 90 минути возење во северна насока од меѓународниот аеродром во Пукет .Manathai Khao Lak располага и со дел од чистото крајбрежје со непрекинат поглед кон Андаманско Море , а неговите 158 шик и модерни соби се опкружени со прекрасни градини.
Во хотелот е лоциран и стилски ресторан , кој нуди богато мени со традиционални тајландски јадења. Базени, фитнес, деноноќна стража, бесплатен интернет и собна услуга се само дел од удопствата на кои можат да се радуваат гостите на хотелот.
Лекар, приватна библиотека, превоз до аеродромот, изнајмување на мотоцикли и автомобили, грижа за децата, како и туристички активности се другите услуги со кои Manathai Khao Lak импресионира.
Во нашата галерија може да го разгледате егзотичниот хотел во Тајланд.








