Американската компанија „Виксол“, чие седиште се наоѓа во Њујорк, најави дека ќе лансира патики коишто откриваат виртуелни „покемони“ со помош на синхронизација со нивната виртуелна местоположба.

1469597166-pikachu-and-pokemon

„Покемон Го“ играта на улица „истера“ милиони сопственици на смартфони. Посебните обувки ќе имат светлечки диоден дисплеј и сензори поврзани со софтвер на популарната игра на „Нинтендо“.

Концептот е едноставен. Ако во близина на лицето кое ги носи патиките, има „покемон“, тие започнуваат да светат а потоа и го посочуваат виртуелното суштество. При приближување кон него тие започнуваат да вибрираат.

Спортските обувки се водоотпорни и работат на батерии. Еден сет батерии ќе издржи 8 часа лов на „покемони“, а производителот планира во иднина тие да послужат и за други такви игри.

Од компанијата продажбата ја најавија за напролет следната година. Патиките ќе се продаваат во три бои, а еден пар ќе чини 200 долари. /МИА

Слични содржини